ЗОШТО ПУТИН ГИ ПРЕМЕСТИ КОСКИТЕ НА ПОТЕМКИН ОД ХЕРСОН? Генералот кој го освоил Крим е главен симбол на војната во Украина
Фразата „Потемкинови села“ до ден-денес се користи во Русија кога сакате да нагласите дека нешто е измама или трик. Се работи за една анегдота од времето на Потемкин. За да го покаже брзиот развој на Крим, кој сега почнале да го населуваат Русите, генералот наредил да се изградат мали населbи по патот по кој царицата Екатирина триумфално ќе помине да го посети полуостровот. Тоа биле лажни села со селани-глумци кои морале да се појават на неколку локации со буќети и со вреќи полни песок наместо жито.
Коските на познатиот генерал Григориј Потемкин кој во 18 век го откраднал Крим од Турците мораа да бидат преместени од катедралата Света Катерина во градот Херсон каде стоеја со векови. Додека се спрема украинската офанзива на овој град, Владимир Путин побрза да ги префрли останките на Потемкин преку реката Дњепар, пишува Си-Ен-Ен. Зошто на рускиот претседател ова му беше битно?
– Ги префрливме посмртните останки на неговото височество принцот Потемкин од црквата Света Катерина и самиот споменик на левиот источен брег – рече Владимир Салдо, прорускиот гувернер на Херсон, бјави неодамна руската државна новинска агенција РИА Новости.
Владимир Путин се потпираше токму на приказната на Потемкин при неговата анексија на полуостровот Крим во 2014 година. Во својот говор на церемонијата на припојување на новите територии , Путин го спомена Потемкин како еден од основачите на новите градови во источниот дел на Украина, нарекувајќи ја територијата Новоросија.
Потемкин бил принц и миленик на царицата Екатерина Велика. Тој го основал градот Севастопол на Крим, главна руска база на Црното Море. Проруските власти велат дека неговите мошти ќе бидат вратени во Херсон штом градот биде безбеден. Спомениците на поморскиот командант Фјодор Ушаков и командантите Александар Суворов и Василиј Маргелов исто така беа отстранети од црквата и однесени на непозната локација, рече Салдо.
Фразата Потемкинови села до ден-денес се користи во Русија кога сакате да нагласите дека нешто е измама или трик. Се работи за една анегдота од времето на Потемкин. За да го покаже брзиот развој на Крим, кој сега почнале да го населуваат Русите, генералот наредил да се изградат мали населbи по патот по кој царицата Екатирина триумфално ќе помине да го посети полуостровот.
Биле донесени селани од Русија кои со букети од полско цвеќе, дотерани покрај своите куќички ја пречекале царицата. Истите селани неколку пати биле префрлувани на повеќе локации за да се создаде впечаток дека на Крим има Руси.
Во градовите и селата низ кои минувала празничната колона на Екатерина биле засадени бујни паркови и авении кои десет дена подоцна пресушиле и исчезнале, а покрај патот биле наредени купишта вреќи наполнети со песок наместо жито. Во Херсон, на пример, луѓето на Потемкин изградиле тврдина која била уништена од првата бура, а имало и брод кој не можел да се спушти во водата, бидејќи веднаш ќе потонел.
Целиот тој раскош и богатиот живот на населението што Потемкин ѝ ги покажал на царицата Катерина бил, според тоа, обична измама, измама и лага. Веста за лагите на Потемкин брзо се проширила и надвор од Русија, а терминот „Потемкиново село“ останал. Имено, за ширењето на веста допринел фактот што во придружба на кралицата бил и Јосиф II, императорот на Австроунгарија.