НОВО СКАНДАЛОЗНО СУДЕЊЕ НА ПОВИДОК? Џенифер Анистон го тужи Бред Пит за 100 милиони долари
Неодамна беше откриено дека Бред Пит има намера да ја продаде заедничката продукциска куќа „План Б“, која ја основаа на почетокот на 2000-тите додека сѐ уште беа заедно. Таа му ги оспорува тие пари и го тужи за 100 милиони долари.
Џенифер Анистон наводно е подготвена да го тужи својот поранешен сопруг Бред Пит за 100 милиони долари, а причината е од деловна природа.
Имено, неодамна беше откриено дека Бред Пит има намера да ја продаде заедничката продукциска куќа „План Б“, која ја основаа на почетокот на 2000-тите додека сѐ уште беа заедно. Таа му ги оспорува тие пари и го тужи за 100 милиони долари.
Пит веќе е во правен спор со поранешната сопруга Анџелина Џоли, која изнесе сериозни обвинувања против него, па овој спор дополнително ќе му ја искомплицира ситуацијата.
Продукциската куќа што ја коосноваа Пит и Анистон премина во неговата сопственост по разводот, но Анистон тврди дека никогаш не добила заслуги за помошта во основањето на компанијата, а шпекулациите се дека нејзиното барање е прашање на принцип колку и пари.
„Ова не е само за парите. Што се однесува до Џен, она што е исто толку важно е принципот. Работата е во тоа што таа беше ко-креатор и основач на „План Б“, и додека технички му припадна на Бред, таа не ги доби заслугите, бидејќи го изгради од темел“, изјави извор близок до актерката.
Истиот извор додаде дека „Џен очекува барем признание и вклученост доколку се оствари продажбата на Бред, плус опција да работи со кој и да ја преземе“.
Успесите на „План Б“ вклучуваат филмови како што се „The Departed“, „12 Years A Slave“ и „Moonlight“, од кои сите освоија Оскар за најдобар филм. Исто така, беа вклучени во блокбастери како „Троја“ и „Чарли и фабриката за чоколади“.