ПЛAНИРАЛ САБОТАЖА НА КРИМ Русите велат дека уапсиле опасен украински агент

Кај уапсениот 44-годишен украински државјанин се пронајдени три експлозивни направи и детално упатство со мапа каде се обележани енергетски објекти.

186

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси агент на украинската служба за безбедност на Крим, поради тоа што, наводно, планирал да подметне бомби на објекти на руската енергетска мрежа.

Федералната служба за безбедност спречи акт на саботажа, што го смислија украинските специјални служби, на објект на енергетската инфраструктура на Крим”, соопшти прес-службата на ФСБ, јавија руски медиуми.






ФСБ информира и дека уапсениот 44-годишен украински државјанин, кај кого се пронајдени три експлозивни направи и детално упатство со мапа каде се обележани енергетските објекти, е одведен во притвор на понатамошно испрашување.

Поврзани содржини