ЧАРЛС ТРЕТИ ПРОДАВА КОЊИ НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА Дел од нив се трофејни коњи
Во нив е вклучен „Just Fine“, обучен од Сер Мајкл Стаут, кој надгледувал повеќе од 100 кралски победници, како и „Love Affairs“.
Кралот Чарлс Трети продава дел од тркачките коњи што ги наследил од својата мајка, кралицата Елизабета Втора, ибјавија британските медиуми.
Покојната кралица беше искусен одгледувач на тркачки коњи, како и жесток тркач и јавач.
Аукциската куќа „Tattersalls“ во Њумаркет објави дека продава 14 кобили на кралицата Елизабета Втора.
Во нив е вклучен и трофејниот коњ „Just Fine“, обучен од Сер Мајкл Стаут, кој надгледувал повеќе од 100 кралски победници, како и „Love Affairs“.
Портпаролот на аукциската куќа изјави дека ова не е ништо невообичаено.
– Секоја година продаваме коњи. Кралицата ги имаше своите кобили, ги одгледуваше и ги продаваше. Не можете да ги задржите сите. Секоја година сопствениците продаваат. Неговото височество го прави само тоа што го прават сопствениците – рече тој.
Кралицата од нејзиниот татко, кралот Џорџ VI, ја наследила Кралсата ергела, центар за одгледување коњи за тркање во Сандрингем, кој произвел многу од нејзините победници.
Нејзиниот менаџер за трки Џон Ворен претходно изјави дека коњите се „огромно бегство“ од другите должности и дека нејзината поддршка е огромен поттик за британските трки.