БУГАРСКИОТ КЛУБ ГО ИСКОРИСТИ ПРЕЛИБЕРАЛНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Ковачевски вели дека ако нема промени мора да реагираат институциите
Државата е во цајтнот околу законската регулатива која ќе спречи отворање на клубови со контроверзни имиња. Се најавува нов, четврти бугарски клуб со седиште во Ресен, а владата нема време да го чека новиот Закон за здруженија.
Бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола ќе мора во рок од 45 дена да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата кои предизвикуваат вознемирување. Во спротивно институциите се должни да реагираат, вели премиерот Ковачевски.
Тој го повика и Министерството за правда да ги следи насоките од Комисијата за заштита од дикриминација, односно во зададениот рок да изврши надзор на постоечкиот Закон за здруженија.
– Роковите се пропишани согласно со закон, точно се знае кои институции што треба да направат. Доколку не го напрват, постојат институции кои се задолжени да го следат непостапувањето… – рече премиерот.
Државата е во цајтнот околу законската регулатива која ќе спречи отворање на клубови со контроверзни имиња. Се најавува нов, четврти бугарски клуб со седиште во Ресен, а владата нема време да го чека новиот Закон за здруженија.
Токму затоа, најверојатно веќе в понеделник пратениците од власта ќе ги поддржат измените на Законот кои ги поднесе ВМРО ДПМНЕ во Собранието, нешто на што денеска повика и Ковачевски.
-Ги повикувам СДСМ да учествуваат во дебатата… – вели Ковачевски.
Измените кои би биле изгласани ќе бидат содржани и во новиот Закон за здруженија, кој треба да биде доставен до крајот на овој месец.
Премиерот Ковачевски денеска повика новото законско решение да го содржи германскиот пример, бидејќи како што рече, Македонија моментално има прелиберално законодавство во делот на организирањето на невладини организации или здруженија на граѓани.