САЕМ НА ЕЛЕКТРОМОБИЛИ ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ „Возиме на струја“ oд 12 до 16 октомври
Саемот на електромобили ќе биде отворен од 10 до 22 часот, паркингот е бесплатен, а имателите на автомобили ќе можат да добијат попусти и специјални понуди од Мотоцентар, Мега перална, Мега продавница за автоделови и Кар Бокс авто козметика.
Првиот саем на електромобили под мотото „Возиме на струја“ ќе се одржи во Ист гејт мол oд 12 до 16 октомври.
Сите љубители на автомобили и посетители на молот ќе може да ги погледнат изложените модели на електричен погон, како и хибриди, и да се зaпознаат со нивните предности за да се создаде подобра и поеколошка иднина. Електромобилите од брендовите на Tesla, Alfa Romeo, Fiat, Porsche, Citroen, MG Motors, Toyota, Volkswagen, Opel Corsa, Seres и Yoyo, ќе бидат изложени на различни места во центарот на приземјето.
Покрај електромобилите ќе бидат изложени и други типови електрични возила и превозни средства: електрични машини за чистење од Green machines, електрични велосипеди и електрични мопеди од All electrics, како и првото електрично „фиќо“ во земјава, иновација поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој и BB Classic.
За време на саемот посетителите ќе можат да ги погледнат и полначите за електрични автомобили на Olympia motors.
Саемот на електромобили ќе биде отворен од 10 до 22 часот, паркингот е бесплатен, а имателите на автомобили ќе можат да добијат попусти и специјални понуди од Мотоцентар, Мега перална, Мега продавница за автоделови и Кар Бокс авто козметика.
Партнер на саемот е „Автоплус“, а целата манифестација е поддржана од покровителот Шпаркасе лизинг, партнерот НЛБ Банка АД Скопје, присутна е и ПроКредит Банка Македонија, кои ќе ги презентираат финансиските услуги за набавка на овој тип автомобили.
Една од стратешките определби на Ист гејт мол е заложбата за почист град, почиста животна средина и поеколошка иднина, кои ќе ги реализира и во иднина.