ЧЛЕН НА ЛЕВИЦА ОСУДЕН ЗА ПОРАКА КОН ЗАЕВ Пресудата стаса ден пред празникот на кој се случи инцидентот

437

Членот на политичката партија Левица, Иван Јованоски, првостепено е осуден во политички монтиран случај, по директива на поранешниот премиер Зоран Заев, соопшти Левица.

На само еден ден пред Денот на народното востание на македонскиот народ, нашиот член прекршочно е осуден за настанот од минатогодишното одбележување на 11 Октомври на Могилата на непобедените. Јованоски тогаш му упати порака на Заев дека поради неговите предавнички политики и бришењето на антифашистичкото минато, тој нема никакво право да се појави и да оддаде чест пред жртвите на АСНОМ. Дека се работи за типична репресија на хибридниот режим, потврдува тоа што како подносител на Барањето за поведување прекршочна постапка не се јавува поранешниот премиер Заев, туку извесен полициски службеник Златко Николоски, кој не е оштетена странка во случајот“, се наведува во соопштението од Левица.

Според партијата, ваквите тоталитарни методи на власта во пад потврдуваат дека Ковачески е доследен послушник на Заев, кој единствено владее преку партизираност на институциите, закани и прогон, а Македонија е целосно заробена држава од фамилијата Заеви.

Континуираниот прогон со кој се соочуваат членовите на Левица од тоталитарниот режим на СДС и ДУИ само уште повеќе го мотивира нашиот борбен дух против оваа криминална банда на политиканти – а од позиција на власт и ослободени институции, Левица ќе иницира кривичен прогон против сите оние кои го силуваа правото и Уставот за време на Заевизмот“, се додава во соопштението.

Левица ќе ги искористи сите инстанци за да ја обжали пресудата, а на поранешниот премиер Заев му порачува да собере храброст и тој лично да иницира постапка – а не да се крие зад непознати полициски службеници и заробени државни органи.

Поврзани содржини