Средношколка била нападната од соученик во ходникот во средно училиште на подрачјето на општина Гази Баба.
Како што информира МВР, случајот вчера во СВР Скопје го пријавил таткото на девојчето, Д.И.(49) од Скопје. Според пријавата, нападот се случил на 5 октомври околу 16 часот.
Полицијата информира дека работи на расчистување на случајот.