ДРУГАТА СТРАНА НА БРЕД ПИТ Актерот ја отвори својата прва изложба на скулптури (ФОТО)
Без многу медиумска помпа и на изненадување на жителите на третиот по големина град во Финска, холивудскиот актер Бред Пит за првпат на јавноста ѝ ги претстави своети уметнички дела.
Во друштво на австралискиот музичар Ник Кејв и британскиот скулптор Томас Хаусаго, американскиот актер Бред Пит ја отвори својата прва ликовна изложба во финскиот град Тампере.
Без многу медиумска помпа и на изненадување на жителите на третиот по големина град во Финска, холивудскиот актер Бред Пит за првпат на јавноста ѝ ги претстави своети уметнички дела.
Brad Pitt and Nick Cave here in Finland today! Presenting their art work. pic.twitter.com/mZya00HcXO
— Heidi Katariina (@HeidiPouru) September 17, 2022
Филмската ѕвезда и самоук скулптор ги изложи своите дела како дел од поголемата изложба на британскиот уметник Томас Хаусаго, а заедно со нив своите керамички дела ги претстави и австралискиот пејач Ник Кејв.
„За Ник и мене ова е сосема нов свет и нашите први изложби. За мене ова е начин да погледнам длабоко во себе, да видам каде згрешив во односите со луѓето, да бидам брутално искрен кон себе, да ги разберам оние луѓе што можеби сум ги повредил“, рекол Пит за време на отворањето на изложбата.
Brad Pitt and Nick Cave here in Finland today! Presenting their art work. pic.twitter.com/mZya00HcXO
— Heidi Katariina (@HeidiPouru) September 17, 2022
Актерот наводно почнал да се занимава со вајарство по разводот со Анџелина Џоли, поминувајќи по 15 часа дневно во студиото на британскиот уметник во Лос Анџелес во 2017 година. Тој за магазинот „Џеј Кју“ изјави дека не го гледа своето занимавање со вајарство како уметност, туку како тивок, осамен спорт.
Неочекуваната посета на Пит на Финска ги изненади граѓаните на балтичката земја, бидејќи неговото учество на изложбата не беше најавено.
ФОТО: Твитер