„УКРАИНА ЌЕ БИДЕ СРАМНЕТА СО ЗЕМЈA“ Морбидна изјава на Лукашенко
САД ја туркаат Европа во воен конфликт со Русија на територијата на Украина. Тие не ги кријат своите планови. Склучени се договори за наредните години. Целта е да се ослаби Русија и да се уништи Белорусија, истакна Лукашенко.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко на вчерашниот собир „Ова е нашата историја“ по повод Денот на народното единство, изјави дека САД ја турка Европа во вооружен судир со цел да се ослабне Русија и да се уништи Белорусија.
– САД ја туркаат Европа во воен конфликт со Русија на територијата на Украина. Тие не ги кријат своите планови. Склучени се договори за наредните години. Целта е да се ослаби Русија и да се уништи Белорусија, истакна Лукашенко.
Тој додаде дека „Украина ќе биде срамнета со земја“.
– Колапсот на Украина веќе започна. Полските, летонските и литванските политичари очигледно наивно очекуваат да се пазарат за својата иднина во новата геополитичка реалност, наведе Лукашенко, додавајќи дека тие ја повторуваат грешката од почетокот на 40-тите години од минатиот век.
– Се сеќава некој на фашистичката чизма на Германија и на Хитлер? Полското раководство тогаш ползеше повеќе од кој било друг. И до што доведе тоа? На почетокот на септември, за само две недели, Полска престана да постои. Срамота е што нашите соседи не ги научија лекциите од историјата, посочи Лукашенко.