ДАЛИ ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ НА СТРУЈАТА? Ковачевски вели дека ќе има, но дека ќе биде минимално

Нашата земја исто така не остана на страна од оваа криза. Минатата зима успешно се справивме и немаше ниту еден ден рестрикции на струја и имавме зголемено производство на електрична енергија, рече Ковачевски.

475

Директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат рече дека очекува одредено зголемување на цената на електричната енергија, но како што кажа, се прават напори тоа да биде минимално.

– Со оглед на тоа дека имаме трошоци цени на производство, зголемени цени на енергенси и имаме дополнителни количини на електрична енергија, коишто ќе треба да ги произведеме, дел можеби ќе треба и да се набават, моја претпоставка е, кажав и пред месец дена, дека очекувано е дека ќе има зголемување на цената на електричната енергија, но сега ги правиме сите напори тоа да биде минимално или благо покачување – рече Ковачевски.






Генералниот директор во емисијата исто така говореше и за енергетската криза и за можноста зимава да има рестрикции во снабдувањето со струја.

– Ова е најчесто поставувано прашање, затоа што нашата држава и регионот, но и цела Европа, се наоѓаат во глобална економска криза. Нашата земја исто така не остана на страна од оваа криза. Минатата зима успешно се справивме и немаше ниту еден ден рестрикции на струја и имавме зголемено производство на електрична енергија – рече Ковачевски.

Според него, во Владата и ЕСМ рестрикциите „не се опција“.

– Затоа што интензивно се подготвуваме да го зголемиме домашното производство на електрична енергија и со тоа да ги покриеме количините за регулираниот пазар, но и дополнителни количини за слободниот пазар – рече Ковачевски

Поврзани содржини