КАКО БИ ИЗГЛЕДАЛА НУКЛЕАРНА ВОЈНА СО РУСИЈА? Видео ги симулира бомбите, по 300 погодоци во првите часови
Симулацијата започнува во контекст на конвенционален конфликт. Русија испукува предупредувачки истрел од база во близина на градот Калининград во обид да го запре напредувањето на САД и НАТО. Потоа, НАТО возвраќа со единствен, тактички, нуклеарен воздушен напад. Нуклеарната размена брзо ескалира во Европа со тоа што Русија испраќа 300 боеви глави преку авиони и ракети со краток дострел за да ги погоди базите на НАТО и напредните трупи, а на ова НАТО испраќа 600 нови.
Четириминутна симулација покажува како нуклеарната војна меѓу Русија и НАТО би можела да се одвива. Во ова „најцрно“ сценарио, 90 милиони луѓе ширум светот загинуваат за неколку часа. Снимката наречена „План А“, развиена од истражувачи поврзани со Програмата за наука и глобална безбедност (СГС) на Универзитетот Принстон уште во 2017 година, доби на внимание сега откако почна војната во Украина, пишува Њузвик.
Симулацијата била развиена за изложба, а подоцна добила над милиони прегледи на Јутјуб. Експертите укажуваат на тоа дека немаат точен увид во разузнавачките умови на САД и Русија да знаат дали баш вака би се одвивала војната, но ова е еден од можните начини.
Во симулацијата и двете страни испукуваат многу боеви глави. Се вели дека кога едната страна ќе нападне другата ќе биде под голем притисок да одговори на истиот начин, без разлика што тоа би значело тотален хаос и 90 милиони мртви луѓе само во првите неколку часови.
– Штом ќе се надмине нуклеарниот праг, може да биде многу тешко да се спречи ескалација до сеопфатна нуклеарна војна, т.е. ескалација од еднократна употреба, до тактичка нуклеарна војна во Европа, до противсилен напад и на крајот до противнапд со таргетирање градови и економски центри со цел да се спречи закрепнувањето на другата страна – рече Глејзер, еден од основачите на План А.
Сѐ започнува со Калининград
Симулацијата започнува во контекст на конвенционален конфликт. Русија испукува предупредувачки истрел од база во близина на градот Калининград во обид да го запре напредувањето на САД и НАТО. Потоа, НАТО возвраќа со единствен, тактички, нуклеарен воздушен напад.
300 према 600 вжештени „глави“
Нуклеарната размена брзо ескалира во Европа со тоа што Русија испраќа 300 боеви глави преку авиони и ракети со краток дострел за да ги погоди базите на НАТО и напредните трупи.
Со уништен голем дел од Европа, НАТО лансира околу 600 боеви глави од американско копно и ракети базирани на подморници кон руските нуклеарни сили.
Пред да бидат уништени нејзините вооружени системи, Русија истрелува проектили лансирани од силоси, патни мобилни возила и подморници.
По 5 до 10 нуклеарки за секој поголем град на планетата
Во последната фаза од конфликтот, и Русија и НАТО целат на 30-те најнаселени градови и економски центри на другата страна – користејќи 5 до 10 нуклеарни боеви глави за секој град во зависност од големината на населението. Тоа е за да се осигураат дека градот нема да преживее.
Последиците од нуклеарна војна за животот на Земјата би биле „незамисливи“, објаснува Глејзер.
– Покрај непосредната смрт и страдање и економскиот и општествен колапс, во годините по војната, феноменот на нуклеарна зима ќе ја влоши катастрофата – предупредува тој, укажувајќи на една студија која покажа дека повеќе од пет милијарди од вкупините 8 милијарди жители на планетата би можеле да умрат.
– Не би сакал да шпекулирам колку време ќе биде потребно за човештвото да се опорави – рече Глејзер.