ТЕРОРИСТОТ ЧЕРНОЗЕМСКИ ДВА ПАТИ ПУКАШЕ ВРЗ ТРУПОТ НА ХАЏИ ДИМОВ На денешен ден било извршено свирепото убиство врз големиот македонски син

Димо Хаџи Димов, роден во Горни Броди, егејско, е еден од најпознатите идеолози на македонското национално движење. Рамо до рамо се борел во селото Баница со Делчев, каде Гоце загинал на 4 мај 1903 година. По поразот на Илинденското востание застанал на страната на прогресивната левица на ТМОРО, а во времето на Младотурската револуција развил активна идеолошка дејност и беше еден од иницијаторите за создавање на Народната федеративна партија на чело со Јане Сандански.

1,453

Малку е позната свирепоста со која бугарскиот терорист Владо Черноземски на денешен ден во 1924 година го убил Димо Хаџи Димов, македонист и социјалист. Хаџи Димов случајно се нашол на улицата Пиротска во Софија бидејќи наслушнал дека истиот ден бил убиен големиот македонски војвода, штипјанецот Славчо Ковачев. Димов бил на пат кон кафеаната Галик кога бил пресретнат од Черноземски, кој неколку пати го застрелал, а потоа, за да се осигура дека Димов е мртов, пукал уште двапати на трупот.

Следниот ден претседателот на Народното собрание на Бугарија дал кратко соопштение дека бил убиен народниот пратеник Димо Хаџи Димов. Објаснувањето за атентатот било наводното учество на комунистите во убиството на Тодор Александров. Но, многу поверојатно е дека врховистичкото крило на организацијата е тоа кое решило да расчисти со сите македонисти.






Димо Хаџи Димов, роден во Горни Броди, егејско, е еден од најпознатите идеолози на македонското национално движење. Рамо до рамо се борел во селото Баница со Делчев, каде Гоце загинал на 4 мај 1903 година. По поразот на Илинденското востание застанал на страната на прогресивната левица на ТМОРО, а во времето на Младотурската револуција разви лактивна идеолошка дејност и беше еден од иницијаторите за создавање на Народната федеративна партија на чело со Јане Сандански.

Така Димо станал и народен пратеник, заедно со Јане, во надеж дека Младотурците ќе дозволат Македонија да биде автономна во една нова модерна Турција која ќе биде социјалистичка федерација. По падот на Младотурците зема учество во Првата светска војна. Делото на Хаџи Димов зборува за социјалистичкиот карактер на македонистите и на континуитетот меѓу Илинденското востание и идните партизани во Македонија.

Истата година кога Хаџи Димов загинал, македонските комунисти дури решиле да му подадат рака на Тодор Александров и го натерале да го потпише Мајскиот манифест со кој се обврзале да работат на независна македонска држава, а потпис ставила и Коминтерната со што индиректно бил признат македонскиот народ за првпат во меѓународниот простор. Така ВМРО и Македонската федеративна организација, во која членувале комунистите конечно застанале на иста страна.

 

Димо Хаџи Димов бил клучниот преговарач со Тодор Александров. Во јули месец Мајскиот манифст, кој бил потпишан во Виена бил и јавно објавен во весникот „Балканска федерација“. Набрзо потоа, сепак, Александров, негирал дека бил потписник. Тој негирал затоа што бил загрижен за својот живот и сметал дека комунистите ќе го ликвидираат. Наскоро Александров и навистина е ликвидиран и насилно заменет со Ванчо Михајлов. Но, не од комунистите и македонистите. Се смета дека убиството го вршат негови блиски војводи од организацијата, по кажувањата на Динчо Мицев Сугарски.

Во името на наводната одмазда за убиството на Александров, Ванчо Михајлов, познат како бугараш ќе ги изврши најголемите убиства врз македонистите. Дваесетттите години се времето на борбата меѓу левите македонисти и комунисти и десните ванчомихајловисти, приврзаници на бугарскиот цар. Во најголемиот дел од атенатите на сред Софија биле убиени Македонци. Во тој период загинуваат и Јане Сандански и Ѓорче Петров. Атентатите биле наречени „гангстерски“ во печатот на западните земји, а стигнале на насловните страни во САД.

Владо Черноземски е можеби најпознатиот странски „вмровец“ поради неговиот атентат врз српскиот цар Александар Караѓорѓевиќ во Марсеј, кога се фрла на хаубата на автомобилот во кој бил царот и од букетот цвеќе вади пиштол и пука директно во царот. Постои црно-бела снимка од делото. Се смета дека Черноземски со ова ги заштитил бугарските интереси, а акцијата биле договорена со хрватските усташи.

А кој е тој штипски војвода Ковачев кој на денешен ден бил убиен во Софија, а Димо Хаџи Димов тргнал да го бара? Ковачев бил уредник на весникот „Автономна Македонија” и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација. Роден е во Штип, на 5 јануари 1875 година.

Бил приврзаник на идејата за една балканска федерација во која Македонија би влегла како рамноправна единица. Со својата чета водел борби против врховистите во Македонија. Како војвода учествувал во Илинденското востание во Штипско, Кочанско и во Кратовско.

Поврзани содржини