ГРУПНА ТЕПАЧКА ВО НОВО ЛИСИЧЕ Две групи се пресметаа на паркинг (ВИДЕО)
Сето ова се случува во непосредна близина на полициската станица Аеродром која се наоѓа на некои стотина метри од местото на настанот.
Во текот на вчерашниот ден на паркинг во скопската насебла Ново Лисиче се случи тепачка во која учествуваа повеќе лица.
На видеата кои беа споделени на социјалните мрежи може да се забелажат лица кои си разменуваат тупаници, еден од учесниците силно удира друг, додека други се обидуваат да ги разделат.
Сето ова се случува во непосредна близина на полициската станица Аеродром која се наоѓа на некои стотина метри од местото на настанот.
– На 11.09.2022 во 15.40 часот било пријавено дека во Скопје на подрачјето на Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.Г.(41), С.Г.(72), Д.К.(34) и Н.С.(45), од една страна, и А.Ј.(35) и А.Ј.(31), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодвeтен поднесок – стои во полицискиот билтен.
View this post on Instagram