КОВАЧЕВСКИ СЕ ЗБОГУВАШЕ СО БРНЗ Премиерот приреди прием по повод заминувањето на американската амбасадорка

Премиерот истакна дека амбасадорката Брнз беше присутна во клучен период за земјата и дека секогаш ќе остане пријателка на Република Северна Македонија.

468

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски вечерва приреди прием по повод завршувањето на мандатот на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз.

Премиерот истакна дека амбасадорката Брнз беше присутна во клучен период за земјата и дека секогаш ќе остане пријателка на Република Северна Македонија.






– Нашата соработка изминативе години беше партнерска и блиска, како што доликува на соработката на две земји чија врска е силна од денот на воспоставување на дипломатски односи, но и претходно – рече премиерот Ковачевски.

На приемот присуствуваа министри, експерти и други претставници од политиката и бизнис заедницата.

Поврзани содржини