Salus populi suprema lex

Но во историјата не се важни само почетоците туку и завршетоците: онаа Октомвриската, со Сталин, заврши трагично; онаа нашана, „Шарената“, со нејзините палјачо-револуционери заврши уште потрагично. Но, со „револуцијата“ дојде и нашата современа социјалдемократска Salus populi suprema lex максима преку славното „Дојде живот“!

548

Изреката, или максимата, од насловот вели дека Добросостојбата на луѓето е врвен закон! Но таа максима важи за демократските општества, не за хибридни режими. Не важела ни за руските социјалдемократи (подоцна болшевици!) во времето на нивниот Втор партиски конгрес (1903), кога се утврдувала рамката на нивното делување. Па следствено, Плеханов, повикувајќи се токму на максимата Salus populi suprema lex на Цицерон, тврдел дека во револуционерни времиња, таа добива поинаква интерпретација со значење: „успехот на револуцијата е највисок закон“! Дури, инсистира Плеханов, „ако е потребно за успехот на револуцијата да се ограничи влијанието на еден или друг демократски принцип, би било злосторство да се запре таквото ограничување“! Плеханов, како жесток револуционер, сметал дека не е грев, ако револуцијата има потреба за тоа, да се ограничи и правото на глас.

Ете заради тоа е добро барем да се познава (ако веќе не да се знае) историјата бидејќи може некогаш да ви биде некаков ориентациски патоказ за позитивноста, или негативноста, на постапките во политиката. Впрочем, оваа историја што ја цитирам не е толку далечна – нешто повеќе од еден век, а сличностите со актуелниве „социјалдемократи“ се фрапантни. Та нели и ние, пред пет години, започнавме како некаква револуција? Додуша „шарена“, и со пенкало, ама сеедно.






Но во историјата не се важни само почетоците туку и завршетоците: онаа Октомвриската, со Сталин, заврши трагично; онаа нашана, „Шарената“, со нејзините палјачо-револуционери заврши уште потрагично. Но, со „револуцијата“ дојде и нашата современа социјалдемократска Salus populi suprema lex максима преку славното „Дојде живот“!

И еве го „животот“, денес и овде, после цели пет години. Ни го донесе „елитата“ на македонската социјалдемократска идеја – некои велат нејзиното „сељачко крило“ (или македонските „меньшевики́“ како некаква историска паралела) – а кои, за инает на историјата, успеаjа да се наметнат и да ни го сервираат нивното разбирање за животот во Македонија во третата деценија на дваесет и првиот век. Но, мојата паралела на ова крило со руските меншевици почнува и завршува само во нивната (условна) малубројност. И – толку, зашто сите други споредби, особено во интелектуална, револуционерна, културна, образовна и др. смисла се неспоредливи. Ни со меншевиците ниту со болшевиците. Да, нашиве не дошле (сѐ уште?) до ограничувањето на правото на глас, барем не буквално, но сите други ригидни рецепти на Плеханов, Ленин, Мартов, Акселрод, Жданов, Сталин… одамна ги применуваат во нивните „политики“. Со, повторно, една „мала“ разлика: најголем дел од спомнатите руски историски личности биле барем учени луѓе! Овие денешниве „прогресивни социјалдемократи“ и нивниот „живот“? Подобро човек некогаш да премолчи, нели!

Но, токму премолчувањата нѐ доведоа до овде, до оваа точка од која што враќањето станува многу, многу тешко. Целиот систем е девастиран од криминал и корупција, политиката се сведе на камповско-партиска и внатреклановска војна, а „животот“ во филозофија на паланката. А таа филозофија, тоа „дојде живот“ како македонска варијанта на благосостојбата е инсталирањето на државен примитивизам спроведуван од сите, буквално сите институции на узурпираниот систем. Граѓанинот е само топовско месо кое, ако преживее, ќе се надева на некаков подобар резултат од идните битки. Иако, де факто, во секој резултат, ние сме – губитниците. И целата држава, нормално.

Се разбира, примитивизмот не би бил тоа што е кога би знаел дека е примитивен. И тоа, секако, не е проблем само во културата, науката, образованието итн., туку во актуелните ешалони на оваа власт очигледно нема човек кој воопшто знае што е тоа благосостојба – па нека е и во некаква балканска варијанта! – што подразбира тој концепт, какви стандарди и критериуми наложува.

Некој ќе рече: видете ја културата и сѐ ќе ви биде јасно, но тоа е сепак друга тема за друга прилика. Но, концептот на благосостојба – или „дојде живот“ – подразбира дека власта, преку мрежата на државни институции, игра клучна улога во заштитата и промоцијата на социјалната и економската добросостојба на граѓаните. Но што кога граѓаните не се еднакви пред власта, кога партократската логика е таа што ја води државата? Или кога граѓаните едноставно немаат еднакви можности во неа? Или кога ништо не добиваат за возврат од придонесите и даноците што ги плаќаат, или добиваат сосема малку?

Ако, по дефиниција, државата е одговорна за обезбедувањето на благосостојбата на граѓаните, каде, во што се огледа нејзината одговорност? Петнаесет години по ред сите премиери се (божем) економисти – каде е нивното знаење, каде е нивната одговорност за овој економски колапс на целиот систем? Каде е она бесплатно школство, бесплатно здравство, култура…? Само во партиските програми?

Во развиените западноевропски демократии, оние со коишто мислиме утре да се натпреваруваме во ЕУ, добросостојбата на граѓаните не се состои само во одговорноста на власта туку пред сѐ во независната и автономна јавна администрација. Такви се речиси сите западноевропски држави, дури и Грција! Каде сме ние со оваа партиска администрација? Сѐ уште во времето на Плеханов?

Затоа, кога светот, па и Цицерон и Плеханов, говорат за благосостојба, знае ли воопшто некој во државава што значи тоа? Новите супер-цени на струјата, новите супер-цени на горивата, новите супер-супер покачувања на сите животни трошоци…? Македонската власт, не само оваа, цврсто ја следи (парафразираната) ждановистичка доктрина за благосостојбата: „Единствениот можен конфликт во македонското општество е конфликтот помеѓу доброто и најдоброто“! Ни социјализмот во екс-ЈУ не успеа да измисли подобра лага.

Се разбира, секоја благосостојба, па и економската, доаѓа прво во – умот. Ако ја нема таму, ја нема ни во реалноста.

Во филозофијата на паланката – еквивалент на македонската благосостојба и „дојде живот“ – благосостојбата доаѓа прво во џебот/семејството на партискиот лидер/функционер, потоа во партиската каса, а остатокот, ако го има (што речиси никогаш не се случува), служи за подмирување на базичните обврски на државата кон граѓаните. Но повторно според утврдените приоритети: партиски членови, абоненти, клиенти, симпатизери… итн.

Бидејќи веќе ја спомнав културата, само еден пример: со неодамнешниот реабаланс на буџетот, кој пред извесен период беше изгласан во Собранието, кратењето на „благосостојбата“ во културата изнесуваше 34,6%, и тоа е од програмскиот дел. И повторно: од програмскиот дел, значи токму од делот за финансирање на проектите од јавен интерес во културата (издаваштво, уметност, театар, музика…)!

Во истовреме, една Германија, во исти услови на криза, во истиот период, го зголемува културниот буџет (висок 2,3 милијарди евра) за дополнителни 148 милиони евра (7%), а ние во истиот период кратиме од културата цели 100 милиони евра од цркавицата што овие неписмени властодршци ја одобруваат катагодишно?

Или, умее ли некој од нивните мали умови да протолкува што значи фактот дека Ирска, на пример, воведува основен приход за уметниците што ќе го доделува државата, дека во Србија се основа Фонд за солидарност на културните работници…, итн.?

Извор: Теодосиевски уметност

Поврзани содржини