ОПЕК КАЛКУЛИРА СО ПРОИЗВОДСТВОТО Цената на нафтата се искачи на 99 долари

ОПЕК + има доволно простор за маневрирање за да се справи со предизвиците, вклучително и намалување на производството -  изјави министерот за енергетика на Саудиска Арабија, Абдулазиз бин Салман

327

Цената на нафтата утрово се искачи на 99 долари на лондонаксата берза што е зголемување за  2,52 долари во однос на вчерашната.

На американскиот пазар барелот се продава по цена од  92,70 долари.






Пазарот на нафта реагираше откако Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници најавија можност да го намалат производството доколку ситуацијата го бара тоа.

– ОПЕК + има доволно простор за маневрирање за да се справи со предизвиците, вклучително и намалување на производството –  изјави министерот за енергетика на Саудиска Арабија, Абдулазиз бин Салман во интервју за Блумберг.

Поврзани содржини