ГО МОЛЕВ, НЕМОЈ ДА ПУКАШ ВО МЕНЕ! Жена на 88 години ја преживела средбата со убиецот Бориловиќ
Даринка Челебиќ вели дека успеала да избега, иако била повредена, по што одела сама до болница, каде што дознала колку луѓе застрелал убиецот.
Даринка Челебиќ (88) се сретнала очи во очи со убиецот Вук Бориловиќ кој уби 10, а рани 6 свои сограѓани во петокот во црногорскиот град Цетиње, и успеала да ја преживее средбата само со повреди, од кои закрепнала во цетињаката болница.
– Бев дома кога дојде. Се појави наеднаш на терасата, а јас стоев наспроти него. Ме гледаше, а јас му реков: Немој да ме убиеш, немој да пукаш во мене. Потоа ја дигна пушката и пукна кон мене – раскажува Даринка за српски „Курир“ откако излезе од болница.
Таа вели дека успеала да избега, иако била повредена, по што одела сама до болница, каде што дознала колку луѓе застрелал убиецот.
Психички нестабилниот Боричовиќ го изврши злосторството во Цетиње со полуавтоматски карабин. Тој бил ловец и во домот имал доста оружја и муниција. Неговиот крвав поход заврши откако во него пукала полиција, но и еден од соседите. Тој е погребан надвор од Цетиње, на непозната локација.