5 ОД 8 МИЛИЈАРДИ ЛУЃЕ БИ УМРЕЛЕ ОД ГЛАД ВО НУКЛЕАРНА ВОЈНА Сонцето нема да биде видливо од саѓите од прашината

Прашината и саѓите од експлозиите ќе предизвикаат затемнување и „нуклеарна зима“. Во годините веднаш по нуклеарниот конфликт, 5 милијарди луѓе би можеле да умрат од глад предизвикан од прашината во атмосферата, што би ја блокирало сончевата светлина и што веројатно многу би ги надминало жртвите предизвикани од самите експлозии.

148

Повеќе од 5 милијарди луѓе од вкупно 8 на планетата би умреле од глад по евентуалната нуклеарна војна меѓу САД и Русија, а дури и ограничен нуклеарен судир меѓу Индија и Пакистан би го десеткувал земјоделското производство и би резултирал со масовен глад во светот кој би траел две години, покажува глобалната студија што ја изработија научници од американскиот Универзитет Рутгерс во соработка со повеќе други универзитети.

Дури и да ја преживееме нуклеарната зима, шансите да умреме од глас се големи. Затоа, научниците ги пресметале ризиците од шест можни нуклеарни сценарија: пет помали индиско-пакистански војни и голем конфликт меѓу САД и Русија, врз основа на големината на нуклеарниот арсенал на секоја земја.






Дури и релативно помал конфликт меѓу нуклеарните сили Индија и Пакистан може да предизвика глад на повеќе од милијарда луѓе и уништување на земјоделските култури. Само од експлозиите на нуклеарните бомби ќе умрат меѓу 50 до 100 милиони луѓе.

Локален судир меѓу Индија и Пакистан би предизвикал пад на приносите во глобалното земјоделство за околу 7 проценти во рок од пет години, додека американско-руската војна би предизвикала за 90 отсто во рок од три до четири години.

Нуклеарните војни би донеле и други последици – озонската обвивка ќе биде уништена со загревањето на стратосферата, создавајќи повеќе ултравиолетово зрачење на површината, што ќе има катастрофални последици.

Прашината и саѓите од експлозиите ќе предизвикаат затемнување и „нуклеарна зима“. Во годините веднаш по нуклеарниот конфликт, 5 милијарди луѓе би можеле да умрат од глад предизвикан од прашината во атмосферата, што би ја блокирало сончевата светлина и што веројатно многу би ги надминало жртвите предизвикани од самите експлозии.

– Податоците ни кажуваат една работа: мораме да спречиме нуклеарна војна никогаш да не се случи. Забраната на нуклеарното оружје е единственото долгорочно решение. Петгодишниот Договор на ОН за забрана на нуклеарно оружје е ратификуван од 66 земји, но ниту една од деветте нуклеарни држави. Нашата работа јасно покажува дека е време тие девет држави да ја слушаат науката и остатокот од светот и да го потпишат овој договор – вели Алан Робок, професор по климатски науки на Рутгер и еден од авторите на студијата.

Во студијата предводена од Рутгерс, учествувале научници и од Универзитот во Барселона, ​​Државниот универзитет во Луизијана, Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам, Институтот за вселенски студии НАСА Годард, Универзитетот Колумбија, Националниот центар за атмосферски истражувања, Универзитетот во Колорадо и Универзитетот за технологија во Квинсленд.

Поврзани содржини