СПОМЕНИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ГО ЧИСТИМЕ ТРИ ПАТИ МЕСЕЧНО Од „Комунална хигиена“ бараат одговорност за провокаторите со бугарско знаме

Само на Споменикот на Гоце Делчев, во изминатиот месец дури трипати имаме преземено акција на целосно чистење со соодветна механизација, средства и човечки ресурси, велат од ЈП „Комунална хигиена”.

238

Скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена” ја известува јавноста дека се невистинити објавите на „извесни провокатори” чии фотографии осамнаа на интернет со тврдење дека со бугарското знаме го чистеле споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

„Споменикот на Гоце Делчев, како и бројни други споменици низ градот, се предмет на вандалски чинови и оштетувања во континуитет. Само на споменикот на Гоце Делчев, во изминатиот месец дури трипати имаме преземено акција на целосно чистење со соодветна механизација, средства и човечки ресурси“, велат од ЈП „Комунална хигиена”.






Оттаму го осудуваат чинот на ставање знаме на странска држава на спомен-обележјето.

„Тоа што некој врз нашите обележја става знаме на странска држава, а воедно лажно зема заслуги за работата на Јавното комунално претпријатие, презентирајќи ја како своја, дополнително е за осуда и ги повикуваме надлежните институции да го истражат случајот и да преземат соодветни мерки“, велат од Јавното претпријатие.

ГОЦЕ БИЛ ИЗВАЛКАН, ПА ТИЕ САМО ГО ИСЧИСТИЛЕ СО БУГАРСКОТО ЗНАМЕ Нова провокација од Бугарија среде Скопје (ФОТО)

Поврзани содржини