ТИМОВИ НА НИКОБ МЕДИКАЛ ДЕЛАТ ВОДА И СОВЕТИ Помош при топлотниот бран
Следната активност ќе биде на локацијата на паркингот пред ТЦ „Зебра - Тинекс“ во среда, на 27 јули од 17:30 до 18:30 часот.
По најавените високи температури, кои во одредени делови од земјава ќе достигнат над 40 степени Целзиусови, ПЗУ Никоб медикал почна да дели вода и информативни флаери со препораки за граѓаните, со цел полесно да се справат со најавени топлитни бранови.
Мобилниот медицински тим на ПЗУ Никоб медикал, изминатиов викенд на локација во ТЦ „Лиса – Тинекс“ во општина Аеродром подели освежителни пијалоци и ги советуваше граѓаните како најдобро да се заштитат од високите температури, со посебен акцент на заштитата на ризичните категории граѓани, старите лица, лицата со хронични заболувања, бремените жени и малите деца.
Препораките се да се избегнува излегување на отворено од 11 до 18 часот, да се носи лесна и светла облека, капа и заштитни очила за сонце, да се конзумира лесна храна, зеленчук и овошје, да се внесуваат течности, да се избегнуваат алкохол и мрсна храна, да се конзумира термички обработена храна, редовно да се зема соодветната терапија пропишана од доктор.
– Доколку имате здравствени проблеми во овој период на располагање се медицинските тимови на Никоб медикал 24/7 со апликација на терапија во домашни услови и медицинска консултација на телефонскиот број 15 515. Како општествено одговорна здравствена установа, ќе продолжиме со теренските препораки и делењето освежителни напитоци во следниот период заради заштита на здравјето на граѓаните во Скопје – велат од ПЗУ Никоб медикал.
Следната активност ќе биде на локацијата на паркингот пред ТЦ „Зебра – Тинекс“ во среда, на 27 јули од 17:30 до 18:30 часот.