ГОРИ ШУМА МЕЃУ МИТРАШИНЦИ И БУДИНАРЦИ Градоначалникот побара дополнителни сили и возило од Пехчево

Според Руменковски во моментов нема опасност по населените места во беровскиот регион бидејќи огнената стихија е во планинскиот предел.

142

Гори мешана шума од бука и даб меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци. Командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски вели дека пожарот се шири поради ветрот. Според Руменковски во моментов нема опасност по населените места во беровскиот регион бидејќи огнената стихија е во планинскиот предел.

– Потребни се дополнителни сили за да се спречи брзо ширење на пожарот, побарано е од Дирекцијата за заштита и спасување, а нашиот градоначалник го побара и специјалното возило за гасење на шумски пожари од Доброволното Противпожарно друштво во Пехчево – вели Руменковски.






На терен се излезени пожарникарите, како и вработени од ЈП „Македонски шуми“. Пожарот бил регистриран уште синоќа на сува трева, но попладнево тој се раширил поради ветрот.

Поврзани содржини