АКО БЕШЕ ИСТОРИСКИ ДЕН, НАРОДОТ ЌЕ СЛАВЕШЕ НА ПЛОШТАД Милошоски вели дека само Албанија ги почнала преговорите
Денес во Брисел имаме две држави од кои што едната, Албанија реално ќе ги започне преговорите со отворање на реална Меѓувладина конференција и Македонија која што ќе има свечен ручек и фотографија и нема да ги започне преговорите, туку ќе се врати дома за да ги исполни уцените и барањата од Бугарија како предуслов за некогаш, по година-две или покасно да ги започне преговорите со Европската унија.
Доколку денеска беше историски ден народот ќе славеше на плоштад, а наместо тоа премиерот Ковачевски, минисерот Бујар Османи и Бојан Маричиќ ќе слават во Клубот на пратеници. Вака смета Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, според кого денеска само Албанија ги почнала преговорите, а Македонија „само се сликаше“.
– Денес во Брисел имаме две држави од кои што едната, Албанија реално ќе ги започне преговорите со отворање на реална Меѓувладина конференција и Македонија која што ќе има свечен ручек и фотографија и нема да ги започне преговорите, туку ќе се врати дома за да ги исполни уцените и барањата од Бугарија како предуслов за некогаш, по година-две или покасно да ги започне преговорите со Европската унија. Дека ова не е историски настан и дека Владата прави уште една манипулација покажува и фактот што вечерва откако ќе се вратат од Брисел премиерот Ковачевски и Бујар Османи и Бојан Маричиќ ќе одат во Клубот на пратеници на затворена прослава, каде што веројатно ќе има и добра храна, но доколку е историски ден, нека одат на плоштад и нека го повикаат народот на заедничка прослава – посочи Милошоски.