НА КРАЈОТ ИЗЛЕГОВМЕ КАКО ПОБЕДНИЦИ Честитка од ДУИ испратена до граѓаните

Демократската унија за интеграција цени дека ова се моменти на гордост бидејќи успеавме да обезбедиме нова, безбедна перспектива и европска иднина за сите граѓани на државата, се вели во соопштението на ДУИ.

129

Денес, по 17 години чекање, Република Северна Македонија ги започнува преговорите за членство во Европската Унија со што се отвораат нови перспективи за земјата и граѓаните. Полека, но сигурно влегуваме во европското семејство. Демократската унија за интеграција во оваа прилика на сите граѓани им го честита овој голем ден за почеток на преговорите за членство во Европската Унија, порчаа од Демократската унија за интеграција (ДУИ).

„Ги крунисавме со успех сите напори за одржување на личен пристап како прогресивна сила заедно со сите политички чинители во државата. Демократската унија за интеграција цени дека ова се моменти на гордост бидејќи успеавме да обезбедиме нова, безбедна перспектива и европска иднина за сите граѓани на државата. Како историски ден, стануваме дел од успехот кој започна пред многу години, соочени со многу предизвици со кои се соочивме и на крајот излеговме како победници“, се вели во партиското соопштение.






Оттаму се заблагодарија и на меѓународните пријатели на земјава, особено на Соединетите американски држави и на земјите од ЕУ.

Поврзани содржини