АМЕРИКА Е КАКО ХОРОР ФИЛМ Ранети двајца полицајци на прославата во Филаделфија (ВИДЕО)

Двајцата полицајци од Филаделфија се во стабилна состојба со повреди кои не се опасни по живот, објави CBS3 Филаделфија, повикувајќи се на полицискиот оддел.

832

Двајца полицајци од Филаделфија се ранети за време на концерт по повод американскиот национален празник и огномет во центарот на градот, а неколку илјади луѓе панично избегале по пукањето, соопштија локалните власти.

До пукањето дојде неколку часа откако вооружен маж од покрив отвори оган во предградието на Чикаго, Хајленд Парк, при што уби шест лица, а рани повеќе од 36.






Двајцата полицајци од Филаделфија се во стабилна состојба со повреди кои не се опасни по живот, објави CBS3 Филаделфија, повикувајќи се на полицискиот оддел.

Полицијата трага по напаѓачот.

Видеото што го емитуваат локалните медиуми покажува луѓе кои бегаат од булеварот Бенџамин Френклин по пукотниците.

– Не слушнав истрели, но полицијата рече: бегај, бегај, бегај – изјави една жена.

Еден полицаец бил погоден со куршум во главата, а другиот има прострелна рана на десното рамо, јавува „NBC10“.

 

Поврзани содржини