ПАДНА БУГАРСКАТА ВЛАДА Кирил Петков се заблагодари и означи крај на претставата

Ова е прво гласање недоверба на кабинетот на Петков, а го достави ГЕРБ поради економските неуспеси на владата.

1,577

Со 123 гласа „за“ и со 116 гласа „против“ во бугарскиот Парламент денеска беше изгласана недоверба на Владата на премиерот Кирил Петков.

Веднаш по изгласувањето недоверба, Петков им се обрати на пратениците:






– За мене беше голема чест да ја водам Владата на Бугарија. Ова е мал чекор од долг пат. Ви ветуваме дека ќе продолжиме со битката и еден ден ќе имаме Бугарија без мафија – кажа Петков, додавајќи дека му претставува чест тоа што е срушен од четворката Борисов, Пеевски, Трифонов и руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова.

Ова е прво гласање недоверба на кабинетот на Петков, а го достави ГЕРБ поради економските неуспеси на владата.

Поврзани содржини