ОТКОГА СЕ НА ВЛАСТ, НИЕ СМЕ ВО КРИЗИ Ова Мисајловски го посочи како нивно барање за предвремени избори

Ако падне Талат Џафери – паѓа и Владата. Тие од петни жили сите ќе се борат како оваа Влада да остане бидејќи ДУИ ја води државата и е таа алка што ги спојува, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

238

Пред да ја започнеме оваа активна блокада, најавивме и пакет мерки, односно, побаравме и од СДСМ и од сите политички партии, да направиме и посебни работни тела, каде што ќе разговараме за многу закони и тоа што е добро, заеднички да ги изгласаме добрите закони. На посебни седници да разговараме за здравството, за образованието, за економијата, за сè што е потребно. Но, нема разбирање, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој вечерва е гостин во „360 Степени“.

– Да, едно од барањата е да има предвремени парламентарни избори, тоа е легитимно барање на опозицијата. Зошто го говориме ова? Еве веќе шеста година се на власт, гледаме дека се соочуваме постојано со кризи. Имаме криза со пандемија, енергетска криза, огромна криза со воениот конфликт, имаме опасна економска криза со сите трошоци за живеење. Затоа подаваме рака, да седнеме и да разговараме, бидејќи ако немаат капацитет, а гледаме дека овие шест години немаат капацитет да се справат со сите овие проблеми, затоа понудуваме да седнеме заеднички некои проблеми да ги донесеме. Да, легитимно е да побараме да има предвремени избори бидејќи проблемот во државата е Владата на СДСМ и сите коалициони партнери – порача Мисајловски.






Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека партијата бара и лидерска средба, но била одбиена.

– Баравме лидерска средба за да разговараме, но експресно бевме одбиени. Јас не го разбирам тоа. Зошто? Збориме да закони што се добри, што заеднички можеме да ги поддржиме, наместо да разговараме за некои закони што се сега во Собрание, во комисија, за некоја лотарија од која ДУИ има интерес да има бенефит, зошто да не разговараме за закони што се добри за сите? Која е причината? Но, од друга страна, ќе бидам целосно искрен, требаше да се види тоа лице на Талат Џафери пред целата јавност. Ова што го прави Талат Џафери не е од сега, ова се случува месеци и години. Не може да не знаете што имате на дневен ред. Целата оваа работа што моментално со активната блокада ја прави ВМРО-ДПМНЕ е да се видат сите погрешни политики, да ни се дозволи нас како парламентарци да говориме. Тоа е основно право на секој од нас, но и сите забелешки што ги имаме кон СДСМ да ги потенцираме и целата јавност да ги види. Да го видат лицето на Талат Џафери и како тој се однесува кон сите – посочи Мисајловски.

Тој рече дека најавиле интерпелација за Талат Џафери, веќе почнале да ги собираат потписите и се надеваат дека до следната недела ќе биде доставена и ќе започне процедурата во Собранието.

– Немаше интерпелација за Љупчо Николовски, за Маричиќ, тие никогаш не беа отворени. Верувајте, Талат мисли дека тој е Деловникот. Толку се преценил човекот што мисли дека тој го створил деловникот, дека може сè да направи и може оваа интерпелација никогаш да не го види денот за говорење. Да оставиме да видиме, се надевам дека ќе се разговара. Ние многу пати во изјави кажавме дека најверојатно ова нема да успее. Знаете зошто? Јас сум многу искрен кон граѓаните, ние ќе ги кажеме сите наши аргументи. Ако падне Талат Џафери – паѓа и Владата. Тие од петни жили сите ќе се борат како оваа Влада да остане бидејќи ДУИ ја води државата и е таа алка што ги спојува – рече тој.

Мисајовски порача дека Џафери не смее да биде претседател на Собранието ако вака се однесува.

Претходно во емисијата, Мисајловски посочи дека однесувањето на Џафери не е нешто ново, туку константно.

– Требаше да се види тоа лице на Талат Џафери пред целата јавност. Ова што го прави Талат Џафери не е од сега, ова се случува месеци и години. Не може да не знаете што имате на дневен ред. Целата оваа работа што моментално со активната блокада ја прави ВМРО-ДПМНЕ е да се видат сите погрешни политики, да ни се дозволи нас како парламентарци да говориме. Тоа е основно право на секој од нас, но и сите забелешки што ги имаме кон СДСМ да ги потенцираме и целата јавност да ги види. Да го видат лицето на Талат Џафери и како тој се однесува кон сите – посочи Мисајловски.

Поврзани содржини