ЗА НАФТАТА ДА НЕ СЕ ЗБОРУВА Орбан му пратил писмо на претседателот на Европскиот совет

Засега нема реакција на писмото од страна на Мишел, велат високи дипломатски извори.

342

Унгарската Влада испратила писмо до Европскиот Совет со барање да не се става руската нафта на дневен ред на лидерскиот самит на ЕУ на 30 и 31 мај, јави дописничката на МИА од Брисел.

Високи дипломатски извори во Советот потврдија дека претседателот Шарл Мишел го добил писмото на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, и додаваат дека за сега нема формална реакција од Мишел.






Претседателот на Европскиот Совет, кој претседава со самитот, продолжува да се консултира со лидерите на 27-те земји членки пред самитот, и ова е една од темите на кои тој работи.

Унгарија го блокира шестиот пакет санкции на ЕУ врз руската нафта предложен од Европската Комисија. Комисијата сака до крајот на оваа година земјите на ЕУ целосно да го прекинат увозот на руска нафта и нафтени производи. Унгарската влада, иако доби пролонгирање во предлогот на Комисијата, сепак не е задоволна и вели дека со оваа мерка нејзината економија би претрпела преголема штета.

Во име на Европската Комисија попладнево потпретседателот Валдис Домбровскис порача дека е важно да се „оди напред со шестиот пакет санкции“, но дека дневниот ред на Европскиот Совет не го одредува Европската Комисија.

Поврзани содржини