СДСМ ИМА ПЛАН ПРОТИВ БЛОКАДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ Власта нема да дозволи Мицкоски да ја држи во заложништво

Најавата за засилени блокади на Мицкоски е најнеодговорниот чин во време на најголема економска и енергетска криза после Втората светска војна, кога Собранието треба да носи брзи и ефикасни решенија за граѓаните, смета СДСМ.

258

СДСМ, парламентарното мнозинство досега наоѓале начин за надминување на блокадите, така ќе биде и сега, порача владејачката пртија по најавите од ВМРО-ДПМНЕ за блокада на работата на Собранието.

Најавата за засилени блокади на Мицкоски е најнеодговорниот чин во време на најголема економска и енергетска криза после Втората светска војна, кога Собранието треба да носи брзи и ефикасни решенија за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ во Собранието блокира неколку десетици закони во интерес на граѓаните меѓу кои и Законот за Клиничкиот центар, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата.






Ваквото деструктивно однесување на штета на граѓаните не е ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски државата да ја држат во заложништво заради лични и партиски интереси“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Поврзани содржини