ОТВОРЕНА ИСТРАГА ЗА БУЧА Десет руски војници се истражуваат за воени злосторства

Украинската армија тврди дека се уништени 187 авиони, 155 хеликоптери, 71 систем за противвоздушна одбрана, 1.688 возила, осум бродови, лесен глисер, 76 возила со гориво и 215 беспилотни летала.

254

Украинските обвинители денеска соопштија дека истражуваат 10 руски војници осомничени за воени злосторства во Буча.

Десет војници на 64-та моторизирана пешадиска бригада на руските вооружени сили, дел од 35-та армија, се осомничени за сурово постапување со цивили и други прекршувања на законите и обичаите на војната, се наведува во соопштението на украинското Државно обвинителство.






По повлекувањето на руските сили од Буча беа пронајдени безживотни тела на најмалку 400 луѓе.

Рускиот претседател Владимир Путин ги одликуваше припадниците на руската на 64-та бригада за посебни заслуги, херојски акции и храброст.

Русија негира каква било вмешаност во убиствата на цивили во Буча.

Поврзани содржини