ПУТИН ДОЗВОЛУВА ПЛАЌАЊЕ НА ГАСОТ ВО ЕВРА? Австрискиот канцелар добил гаранција од рускиот претседател

Нехамер во понеделникот се сретна со Путин во близина на Москва и досега не зборуваше јавно за безбедноста на снабдувањето со гас на Австрија.

203

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на австрискиот канцелар Карл Нехамер при средбата оваа недела дека снабдувањето со гас на Австрија од Русија е сигурно и дека државата и натаму може да плаќа во евра, пренесува агенцијата АПА.

„Путин рече дека снабдувањето со гас е обезбедено, дека Русија ќе ја испорача количината утврдена со договорот и дека исплатата може да остане во евра“, рече Нехамер во интервјуто за националната новинска агенција АПА.






Нехамер во понеделникот се сретна со Путин во близина на Москва и досега не зборуваше јавно за безбедноста на снабдувањето со гас на Австрија.

Австрија добива 80 отсто од природниот гас од Русија и се противи на тоа Европската Унија веднаш да воведе ембарго на испораката на рускиот гас.

Поврзани содржини