Борис Тот, брат на починатиот ракометар на Бутел, се огласи преку социјалните мрежи околу причините за смртта на 27-годишниот Денис.
Денис синоќа со срцево затајување беше пренесен во скопските клиники по што попладнево и официјално беше потврдено дека починал на КАРИЛ.
„Им благодарам многу на господата новинари на ‘професионално’ завршената работа. Може да се срамите поради пласирање дезинформации во јавноста и ширење лаги. Денис почина од срцев удар, а не од какви било телесни повреди, тепачки и останати глупости кои беа пишувани во текот на целиот ден… Срамота на туѓа несреќа да се гради публицитет!!!“, напиша Борис Тот на својот фејсбук профил.