ОПОЗИЦИЈАТА СПРОВЕДЕ АКТИВЕН И СКРИЕН БОЈКОТ Според Ковачевски со тоа им наштетија на Македонците

Ковачевски истакна дека повиците за бојкот и бојкотот на попишувањето нанесоа штета најмногу на Македонците.

616

Има неколку причини поради кои околу 132.000 граѓани не се опфатени со пописот, но имаме одличен опфат на населението на пописот истакна претседателот на СДСМ и на Владата, Димитар Ковачевски во интервју за емисијата „360 Степени“ на Телевизија Алсат.

– Прво, пописот беше спроведен во време на ковид пандемија, поради што дел од граѓаните не можеа да ги отворат вратите, второ, имавме поместување по барање на опозицијата од април за септември, период во кои оние граѓани кои живеат во руралните средини излегуваат на полињата на работа и трето, имаше и активен и скриен бојкот од опозицијата – порача Ковачевски.






Ковачевски истакна дека повиците за бојкот и бојкотот на попишувањето нанесоа штета најмногу на Македонците.

– Левица беше против попишувањето, а ВМРО-ДПМНЕ прво водеше кампања за бојкот на пописот, а потоа имаше и скриен бојкот на пописот којшто им направи лоша услуга пред сè на Македонците. Така што ние не можеме да зборуваме за критики на пописот, особено не од оние кои тој проблем и го креираа со тоа што на своето гласачко тело и на своите симпатизери им кажуваа дека не треба да излегуваат на попис – заклучи Ковачевски.

Податоците од пописот ни укажуваат дека мора да изградиме систем базиран на квалитет и унапредување на услугите кои ќе бидат во согласност со новите потреби на граѓаните, порача Ковачевски.

Премиерот посочи дека податоците од пописот се основа за да се креираат нови економски политики за развој.

– После 21 година, се менуваат потребите на граѓаните, доаѓаат нови генерации кои живеат во дигитално време. Се појавуваат нови индустрии во кои расте просечната плата и расте и извозот. Како држава мора да поставиме национална стратегија која ќе го зголеми Бруто домашниот производ, и ќе ги унапреди услугите од јавниот сектор. Ако го земеме предвид податокот дека имаме 205 населени места кои веќе немаат жители, тогаш треба да видиме дали треба да направиме и реорганизација на образованието, да не се доведеме во ситуација да имаме населени места каде што има училишта а нема ученици, а од друга страна да имаме општини каде што недостасуваат училишта, па учениците учат во три смени – порача претседателот Ковачевски.

Поврзани содржини