АЗЕРБЕЈЏАН ЈА ДЕМАНТИРАШЕ МОСКВА Нашите сили уште патролираат во Нагорно-Карабах
Информациите за повлекување на единиците на азербејџанската армија од своите позиции се неточни. Нашата армија целосно ја контролира ситуацијата, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана, демантирајќи ги тврдењата на руското министерство за одбрана дека по преговорите Азарбејџан ги повлекол своите сили.
Азербејџан ги негираше тврдењата на Москва дека ги повлекол своите сили од зоната низ која патролираат руските мировници во регионот Нагорно-Карабах.
„Нема промена во позицијата на азербејџанската армија во населбата Фарук, која е дел од суверените територии на нашата земја“, соопшти синоќа азербејџанското Министерство за одбрана.
Москва го обвини Азербејџан дека го прекршил мировниот договор со упад во зоната и напад со беспилотни летала кон позициите на армијата на Нагорно Карабах.
Руското Министерство за одбрана претходно објави дека Азербејџан по преговорите ги повлекол своите сили од оваа област.
„Информациите за повлекување на единиците на азербејџанската армија од своите позиции се неточни. Нашата армија целосно ја контролира ситуацијата“, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана.