СВЕТСКИОТ КОНЦЕРТ ЗА УКРАИНА НА ВИДЕОБИМ ВО СКОПЈЕ Попладнево ќе пејат Стинг, Ју ту, Мадона, Руслана
Во 17:30 часот по македонско време, ќе се одржи светски онлајн телемаратон за поддршка на Украина. Ги покануваме сите коишто не поддржуваат во оваа праведна борба Украина за својата земја, да дојдат и да ја поддржат Украина со своето присуство, пишува во поканата од амбасадата на Украина во Северна Македонија и се додава дека настанот ќе се емитува низ целиот свет.
Денеска во 17:30 часот ќе се одржи светски онлајн телемаратон за поддршка на Украина под слоганот „Спас за Украина“, а истиот ќе се пренесува и на видеобим на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје.
На концертот, како што соопштија од украинската амбасада во земјава, ќе настапат голем број украински и светски музички ѕвезди. Меѓу нив ќе бидат украинските пејачки Џамала и Руслана, а од светските ѕвезди ќе настапат: Стинг, Ед Ширан, Брајан Адамс, групата „Ју ту“, Мадона, Имани, „Имеџин Драгонс“, Елтон Џон и многу други.
„Целиот свет е сведок на бруталната војна која руската федерација ја започна и сè уште ја води во Украина. Веќе еден месец украинскиот народ се бори за својата слобода, независност и суверенитет. Целиот свет не поддржува. Во овој контекст, на 27 март 2022 година во 17:30 часот по македонско време, ќе се одржи светски онлајн телемаратон за поддршка на Украина под слоганот. Ги покануваме сите коишто не поддржуваат во оваа праведна борба Украина за својата земја, да дојдат и да ја поддржат Украина со своето присуство -пишува во поканата од амбасадата на Украина во Северна Македонија.
Настанот, велат оттаму, ќе се емитува ширум светот, на националните телевизии, во центрите на главните градови и сл.