ПОЖАР ВО 57-КА ВО НЕРЕЗИ Изгоре автобус на ЈСП, нема повредени
Од МВР велат дека пожарот е изгаснат, нема пријави за повредени лица, повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на увидот.
Во претпладневните часови на последната автобуска станица во населбата Нерези избувна пожар во автобус број 57.
– Денеска, неколку минути пред пладне, во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета – велат од ЈСП.
Како што информираат од претпријатијето во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници.
– Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што, од изјавата на возачот и околни сведоци, констатираше дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот. Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета. Возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило – информираат од претпријатијето.
Од противпожарнта бригада велат дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот и има само материјална штета. Од нивна страна е интервернирано е со едно противпожарно возило и 4 пожарникари.
Пожарот е изгаснат и нема пријави за повредени лица, велат од МВР, од каде додаваат дека повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на увидот.