НЕ СМЕЕМЕ ДА ЗАБОРАВИМЕ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ ГИ ПОБЕДИЈА ГЕРМАНЦИТЕ Селекторот на Италија ги советува своите фудбалери да бидат внимателни

Немавме многу време за да се подготвиме, а Македонија е одлична репрезентација со искусни фудбалери. На крајот на краиштата, тие ја победија Германија во квалификациите, истакна селекторот на Италија, Роберто Манчини.

312

Италијанскиот селектор Роберто Манчини повикува на внимателност во пресрет на првиот натпревар од баражот за Светско првенство во Катар, во кој италијанската репрезентација вечерва ќе ги одмери силите со Македонија.

– Немавме многу време за да се подготвиме, а Македонија е одлична репрезентација со искусни фудбалери. На крајот на краиштата, тие ја победија Германија во квалификациите. Во баражот нема фаворити. Секоја репрезентација сака да оди во Катар – рече Манчини.






Тој додаде дека веќе донел одлука кој италијански фудбалер ќе шутира пенал доколку вечерва биде досуден во корист на Италија.

– Жоржињо ќе шутира пенал, донесов одлука – истакна италијанскиот селектор.

Поврзани содржини