ПОКАЖАВТЕ ВО ТОРИНО ДЕКА ГО МОЖЕТЕ ТОА! Мрме им посака среќа на фудбалерите

Пред вечерашниот натпревар со Италија, која е четирикратен светски и актуелен европски шампион, сакам да ви посакам среќа за уште еден успех, напиша поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски-Мрме.

244

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски-Мрме, кој ги однесе „црвено-жолтите“ на Европското првенство 2020, денеска им посака среќа на фудбалерите пред вечерашниот натпревар против Италија во полуфиналниот бараж натпревар за пласман на СП во Катар.

„Пред вечерашниот натпревар со Италија, која е четирикратен светски и актуелен европски шампион, сакам да ви посакам среќа за уште еден успех. Влогот е огромен и за Македонија и за Италија. Покажавте во Торино пред многу години дека го можете тоа. НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА“, напиша Ангеловски на својот профил на Фејсбук.






Поврзани содржини