РУСКИТЕ ИНФЛУЕНСЕРКИ ВО ШОК Инстаграм е живот за мене, се будам поради него, спијам со него (ВИДЕО)

Од утре стартува забраната за користење на Инстаграм и други социјални мрежи во Русија.

995

Руските инфлуенсерки плачат откако беше најавено дека од ноќеска на полноќ згаснува Инстаграм во Русија.

Москва покрена кривична постапка против компанијата Мета, која е сопственик на Фејсбук и на Инстаграм, тврдејќи дека се работи за екстремистичка организација која дозволува смртни закани за руски војници. Мета, пак, тврди дека Русија отсекла 80 милиони Руси од Инстаграм и им го зела лебот на инфлуенсерите.

– Дали мислите дека Инстаграм е само извор на приход за мене? Инстаграм е живот за мене. Се будам поради него, одам да спијам со него ебени пет години – низ липање зборува руската инфлуенсерка во видеото објавено од NEXTA, платформа која има за цел да го открие вистинскиот живот на Русите под владеењето на Путин.






Од утре стартува забраната за користење на Инстаграм и други социјални мрежи во Русија. Познатите руски инфлуенсерки Лиза Лукашева и Ана Иванова ги повикаа своите следбеници да се префрлат на Телеграм и руската верзија на Фејсбук – VKontakte.

– Милиони приказни, илјадници објави, илјадници среќни спомени што ги споделив со вас, вашата поддршка, љубов, музика што можев да ја споделам со вас, сето тоа нѐ обедини во едно големо инста-семејство. Речиси пет милиони луѓе за десет години. Сигурна сум дека работите ќе се подобрат, но сега само ви посакувам мир и сила да го преживееме ова. Ве чекам на Телеграм и ВК групата – рече Иванова, која ја следат 4,4 милиони луѓе.

Директорот на Инстаграм Адам Мосери потврди дека одлуката на Русија да ги блокира социјалните мрежи значи дека милиони Руси ќе останат без пристап до оваа апликација.

– Во понеделник Инстаграм ќе биде блокиран во Русија. Оваа одлука ќе раздели едни од други со остатокот од светот дури над 80 милиони луѓе во Русија. Осумдесет проценти од луѓето во Русија следат некој Инстаграм профил надвор од нивната земја. Ова што се случува не е во ред – напиша Мосери на Твитер.

One of the #Russian bloggers cries that in two days her Instagram will stop working

Поврзани содржини