УКРАИНСКИ БЕНД ВО ЖИВО НАСТАПУВА ОД ЗАСОЛНИШТЕТО Свират во подрум (ВИДЕО)

Членовите на бендот се од градот Харков, а на фронтменот на бендот, Алекс, му била уништена куќата за време на руската инвазија.

349

Украинскиот бенд „Село и Луди“ ги објавуваат своите настапи во живо од засолништето за да ги поддржи луѓето во својата земја и повика на мир во светот.

Членовите на бендот се од градот Харков, а на фронтменот на бендот, Алекс, му била уништена куќата за време на руската инвазија. Оттогаш со колегите живее во подрумот кој го користат како засолниште.






Алекс за Би-би-си изјавил дека покрај неговите колеги, во засолништето има и многу други луѓе. Тој рекол дека му е мило што во овие тешки моменти може да биде во засолништето каде што се чувствуваат барем малку безбедно.

-Луѓето ширум светот на вестите гледаат што се случува во Украина. Не требаше да има војна. Но, никогаш не престанувајте да се борите, не се откажувајте. Слава на Украина – рекол Алекс.

Наскоро настапите на бендот на Алекс станаа вирални.

„Ова е мојот омилен бенд сега“, „Ги видов овие момци на телевизија. Тие свират за да ги расположат луѓето во засолништето. Почитувајте ги нив и цела Украина“, „Ги слушам нивните преноси секој ден“, се само дел од коментарите на Твитер.

Инаку, бендот „Село и Луди“ не е единствениот кој со песна во засолниште се обидува да ги развесели овие тешки моменти. Виолинистката Вера Литовченко исто така свири виолина секоја вечер во засолниште во Харков.

– Беше многу тешко да се свири и да се размислува за нешто друго што не е војна… Но, решив дека морам да направам нешто. Многу сум задоволна што можам да направам нешто за моето „подрумско“ семејство – изјавила Вера за „Гардијан“.

ФОТО: Инстаграм/Твитер

Поврзани содржини