ВЛАДАТА ЌЕ ЈА НАМАЛИ АКЦИЗАТА ЗА ГОРИВАТА? Можно е укинување на ДДВ-то за храна, струја и за парно

Една од мерките, според неофицијалните информации на телевизијата, најверојатно, ќе биде намалување на акцизата за горивата за 30 отсто, иако се разгледувале и сценарија за намалување за 10% или 20%.

1,056

Владата се подготвува утре да донесе две крупни мерки како одговор на ценовната криза, јави Телма ТВ во вечерашната емисија „Топ тема“.

Една од мерките, според неофицијалните информации на телевизијата, најверојатно, ќе биде намалување на акцизата за горивата за 30 отсто, иако се разгледувале и сценарија за намалување за 10% или 20%.






Втората мерка, пак, ќе се однесува на укинување на ДДВ-то за конкретна ограничена листа на прехранбени продукти, за струјата и за парното.

Поврзани содржини