УСПЕШНО СЕ БРАНИТЕ ОД ПОДМОЛНИТЕ РУСИ! Медведев со честитки за Европа поради историската цена на гасот
Во февруари Медведев предупреди дека одлуката на Германија да ја запре сертификацијата на „Северен тек 2“ ќе предизвика вртоглаво покачување на цената на гасот во Европа.
Вртоглавата цена на гасот во Европа е забележана четврти ден по ред. Денеска достигна ниво од 4.000 долари за 1.000 кубни метри, што е рекорд на сите времиња, покажуваат податоците на берзата „ICE“ во Лондон.
– Можам само да им честитам на моите далекувидни европски колеги кои успешно се бранат од подмолните Руси и од „Северен тек 2“ – рече Дмитриј Медведев.
Тој во февруари предупреди дека германската одлука за стопирање на сертификацијата на „Северен тек 2“ ќе предизвика вртоглаво покачување на цената на гасот во Европа, што деновиве се оствари. Тој рече дека гасот во Европа ќе чини 2.000 евра, а по се изгледа цената на гасот е надмината за 1.000 кубни метри.
– Германскиот канцелар Олаф Шолц побара да се прекине сертификацијата на гасоводот „Северен тек 2“. Добредојдовте во новиот свет каде Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за илјада кубни метри гас – напиша тогаш Медведев на Твитер.
German Chancellor Olaf Scholz has issued an order to halt the process of certifying the Nord Stream 2 gas pipeline. Well. Welcome to the brave new world where Europeans are very soon going to pay €2.000 for 1.000 cubic meters of natural gas!
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) February 22, 2022