Синоќа во 22:15 часот во ОВР Кавадарци М.И.(49) од Кавадарци пријавил дека во шумско стопанство од Кавадарци во место викано „Мала Круша“, атар на село Мајден, кавадаречко чуварот во нивниот објект Б.Ј.(52) од с. Тремник, неготинско бил пронајден починат.
На местото на настанот е излезено од доктор од итна медицинска помош Кавадарци и е констатирана смрт без траги на насилство.
По насоки од јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.