ПЕКОЛНИОТ ПЛАН НА СССР Советите планирале да го уништат НАТО за една недела
Планот „Седум дена до Рајна“ имал за цел да го покори НАТО и западноевропските земји за само една недела со помош на нуклеарни бомби и масовна инвазија од страна на војските на Варшавскиот пакт.
За време на Студената војна двете најголеми сопарнички сили можеа да влезат во кофликт во секое време, а сите беа сигурни дека таквата Трета светска војна ќе се води со нуклеарно оружје. На ваква војна се припремаа и двете страни, но СССР имаше и план како да го покори НАТО за една недела.
Планот од 1979 наречен „Седум дена до Рајна“ беше создаден да овозможи напад кон НАТО-земјите, а прв пат јавноста го виде во 2005 година откако полското министерство за одбрана го објави.
Властите во Москва веруваа дека НАТО ќе го направи привот чекор и ќе ја нападне СССР. За таа цел овој план предвидуваше бомбардирање на Полска со нуклеарно оружје со што земјата ќе станеше радиоактивна и Советскиот Сојуз ќе беше заштитетен од копнена инзвазија. Иако советските војски во Европа би биле отсечени од Русија на помош би им дошле членките на Варшавскиот пакт.
Наредна цел на советските нуклеарки би биле Данска, Белигија, северна Италија, Германија и Холандија со што би бил уништен и главниот штаб на НАТО.
Во овој план, тактички, од нуклеарно бомбардирање се иземени САД, Велика Британија и Франција, потег што треба да направи раскол во членките на НАТО и да ја тестира солидарноста. Ова би ги ставило пред тежок избор, да вратат со иста мерка кон СССР и да бидат цел на советските нуклеарки или да не се мешаат.
Војската на СССР и Чехословачка требало да тргне кон Германија, а стратешки важната Австрија и била оставена на војската на Унгарија.
Советската морнарица би се погрижила за Атлантикот со цел да се прекинат сите врски меѓу САД и нивните сојузници во Европа додека нуклеарните подморници требаше да се на готовс да ги бомбардираат САД.
Во оптимистични сценарија на СССР оваа акција би била завршена за една недела со нивна победа. Сепак дури и најблиските партнери од Варшавскиот пакт сметаа дека оваа операција е невозможна. Тоа не ги спречи Советите да одржуваат воени вежби базирани на ваков напад се до доцните 1980-ти.