ПОЛИЦАЈЦИТЕ ОД КАРПОШ СЕ ГЕНИЈАЛЦИ Фрлија гуми на улица и го решија проблемот (ФОТО)

Кога возачите не се разбираат од збор или знак дека не треба да се паркира, полицијата мора да наоѓа нови начини да ги сопре.

6,994

Легнатите полицајци не се новост во сообраќајот кај нас – се користат за намалување на брзината, секако, додека не му текне на некој да ги искорне.

Полицајците од ПС-Карпош пронашле нов начин да искористат лежење да ја замени нивната работа. Затоа што се работи со ум, а не со сила.






На местото каде што е забрането паркирање на возила, а нормално, забрането е само ако те фатат, инаку сите паркираат, полицајците наредиле гуми како заштита од несовесни граѓани.

Иновацијата во служба на законот.

Само е прашање на време кога овие гуми ќе бидат украдени па ќе мора полицајците повторно да се расправаат со несовесните возачи.

Во продолжение, погледнете ги фотографиите:

Поврзани содржини