УКРАИНА ЌЕ ДОБИЕ 70 АВИОНИ Радата се пофали, 16 од нив ќе ѝ ги донира Бугарија

Според командата на украинските воздухопловни сили, Бугарија ќе даде 16 авиони МиГ-29 и 14 Су-25, Полска - 28 авиони МиГ-29, а Словачка - 12 авиони МиГ-29.

469

Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина соопшти дека земјата од своите партнери ќе добие 70 борбени авиони МиГ-26 и Су-25, пишува Б92. Доколку е потребно, тие авиони можат да бидат распоредени и на полските аеродроми, од каде што украинските пилоти ќе извршуваат борбени задачи, се наведува во соопштението објавено на Фејсбук, пренесува агенцијата Интерфакс Украина.

 






Според командата на украинските воздухопловни сили, Бугарија ќе даде 16 авиони МиГ-29 и 14 Су-25, Полска – 28 авиони МиГ-29, а Словачка – 12 авиони МиГ-29.

Истовремено, британскиот премиер Борис Џонсон му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ќе обезбеди поголема воена поддршка за Украина во наредните денови, изјави вчера портпаролот на неговиот кабинет.

„Премиерот го информираше претседателот Зеленски за воената поддршка на Обединетото Кралство што е испратена до Украина и вети дека ќе ја испрати во наредните часови и денови“, велат од кабинетот.

Поврзани содржини