УБИЕНИТЕ И ЗАРОБЕНИ РУСКИ ВОЈНИЦИ НА ВЕБ-САЈТ Украина ќе ги објавува сите информации во врска со нив

Знам дека многу Руси се загрижени и сакаат да знаат што се случило со нивните синови, браќа, сопрузи, изјави Виктор Андросив, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.

3,441

Украина денеска отвори веб-страница за загинатите руски војници за да можат семејствата да ја дознаат нивната судбина.

На страницата 200rf.com може да се најдат фотографии и воени документи на руски војници за кои се претпоставува дека загинале од почетокот на руската инвазија пред четири дена.






На таа страница има и снимки од заробени руски војници, со нивните имиња и места и градови од кои доаѓаат.

– Знам дека многу Руси се загрижени и сакаат да знаат што се случило со нивните синови, браќа, сопрузи – изјави Виктор Андросив, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.

Киев тврди дека за четири дена украинската армија убила повеќе од 4.300 руски војници и заробила над 200.

Поврзани содржини