УКРАИНА, СЕПАК, ЌЕ ПРЕГОВАРА ВО ТРИ ЧАСОТ Русите сакале да си одат, но ќе почекаат

Веќе имавме намера да заминеме, но добивме информација од украинска страна за потврда на преговорите, прецизира Медински.

1,574

Украинската делегација оди во регионот Гомел во Белорусија на разговори со Русија, изјави помошникот на Путин, пишува Канал5. Украина се согласи на преговори, јавија руски медиуми.

Соопштението доаѓа само неколку минути откако истече рокот што претходно го постави руската делегација за почеток на преговори со Украина.






– Веќе имавме намера да заминеме, но добивме информација од украинска страна за потврда на преговорите – прецизира Медински.

Русија им даде краен рок на украинските власти до 15 часот по локално време денеска за да се одлучат дали ќе дојдат на разговори во белорускиот град Гомел.

Поврзани содржини