КИЕВ Е ОПКОЛЕН, НЕМА КАКО ДА ГИ ИЗВЛЕЧЕМЕ НАШИТЕ ДИПЛОМАТИ Амбасадорот Крум Ефремов деновите и ноќите ги минува во скривница

Се обидуваме да ги евакуираме. Јас имав неколку контакти со колеги и со министри од регионот, а има уште дваесетина амбасадори на земји од ЕУ во Киев кои исто така не можат да излезат, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.

1,655

Македонскиот амбасадор во Украина, Крум Ефремов, заедно со уште еден дипломат и со уште двајца македонски државјани вработени во амбасадата, деновите ги минуваат во скривница и засега не постојат услови за нивно извлекување.

Ова го соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој истакна дека амбасадорот Ефремов, дипломатот и двајцата вработени го минуваат најголемиот дел од денот и ноќта во скривница, но дека МНР се обидува да ги евакуира со помош на други земји.






– Ситуацијата не е добра, посебно во Киев. Амбасадорот Ефремов, дипломатот и двајцата други граѓани кои се во амбасада, најголемиот дел од денот го минуваат во скривница отколку во амбасадата. Не можат да одат ниту во нивните резиденции, туку остануваат и спијат во скривницата. Се обидуваме да ги евакуираме. Јас имав неколку контакти со колеги и со министри од регионот, а има уште дваесетина амбасадори на земји од ЕУ во Киев кои исто така не можат да излезат – објаснува Османи.

Според министерот, нашите дипломати и од скривница комуницираат со македонските граѓани во Украина, им даваат патни исправи.

Османи директно комуницирал со семејство со едногодишно дете во источниот дел на Украина, а има и граѓани кои се во градот Одеса, за кои министерството контактирало со Бугарија која има таму конзулат. Се очекува со нивните автобуси да ги преземат и македонските граѓани.

Поврзани содржини