АНГЕЛОВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ КАВАДАРЦИ Пред само 100 дена на СДСМ му се допаѓа скоро сите проекти (ВИДЕО)

Секретарот на ОК на ВМРО-ДПМЕ од Кавадарци вели дека советниците од СДСМ сега ја промениле тактиката.

287

Секретарот на ОК на ВМРО-ДПМЕ Кавадарци Гоце Ангеловски вели дека за него е несфатливо тоа што пред само 100 дена од СДСМ ги поддржувале нивните проекти а сега, како што вели тој, тие ја менуваат тактиката.

-Тие продолжуваат со континуирани и неаргументирани напади врз работењето на локалната самоуправа и на градоначалникот, меѓутоа наше е да работиме, обврска на градоначалникот и на советниците е да работат за доброто на граѓаните и да ги реализираат сите проекти кои се во програмата а на тие ниски удари и ниски страсти ние нема да одговорите -вели Ангеловски во изјава за кавадаречката локална телевизија КТВ.






Тој додава дека нема да има никаква осветољубивост кон кадрите на СДСМ и дека апсолутното мнозинство не им дава за право да се опуштаат.

-Изборите и народот се оние кои одлучуваат кој ќе биде на одредена позиција и ќе го води градот – вели Ангеловски.

Поврзани содржини